top of page

Кратка биографија на ликот – Страшо Пинџур

Основното училиште Страшо Пинџур, своето име го добило по македонскиот народен херој Страшо Пинџур. Страшо Пинџур е роден во кавадаречкото село Ваташа на 3 март 1915 год. Основно образование завршил во родното место Ваташа, а нижа гимназија во Кавадарци. Своето образование го продолжил во Крагуевац, а во Белград студирал право. Својот животен век го завршува на 4 јануари 1943 год. во Скопје.

Нашето училиште

Нашето училиште ООУ “Страшо Пинџур“ с. Соколарци, има едно централно училиште и четири подрачни училишта. Централното училиште се наоѓа во село Соколарци, општина Чешиново-Облешево. Изградено е во 1952 година. Оттогаш па се до денес, своето основно образование го завршиле околу 23 000 ученици. Во ова училиште се одржува настава од 1-во до 9-то одделение. Во него доаѓаат ученици од околните места како што се Новоселани и Жиганци. Училиштето располага со 7 училници, 1 фискултурна сала, како и спортски терен за реализирање на наставата по физичко и здравствено образование. Наставата во училиштето се одвива на мекедонски јазик, а учениците се затоплуваат со парно на дрва. Денес училиштето брои 191 ученик. Нашето училиште има учествувано во повеќе проекти од кои позначајни се добивањето на статус на зелено знаме од Еко проектот, како и членството во ACES. За останатите подрачни училиште може повеќе да прочитате во делот ПОДРАЧНИ УЧИЛИШТА.

Контакт

© Copyright 2023 by Elementary school. Proudly created with Wix.com

Created by: Vlatko Davitkov

Tel: 033-355-139

Адреса

ул. “Христијан Тодоровски Карпош“  бр. 4

  • Facebook страница на училиштето
bottom of page