top of page

Подрачни училишта

Во склоп на нашето училиште има и 4 подрачни училишта и тоа во

  1. с. Чешиново,

  2. с. Уларци,

  3. с. Спанчево и

  4. с. Жиганци.

Сите училишта се наоѓаат во општина: Чешиново-Облешево

ПУ “Страшо Пинџур“ – Чешиново

Училиштето во село Чешиново е изградено во 1969 год. Се наоѓа на ул. “Христијан Тодоровски Карпош“  бр. 4. Во ова училиште се одржува настава од 1-во до 9-то одделение. Карактеристично е тоа што од 6-то до 9-то одделение покрај ученици од с. Чешиново, учат и ученици од околните места с. Уларци и с. Спанчево. За реализирање на воспитно-образовната дејност училиштето користи 10 училници, од кои еден е кабинет по англиски јазик – во кој има интерактивна табла за потребите на наставниците при примената на ИКТ во наставата, еден е кабинет по информатика, потоа 1 фискултурна сала која за жал во моментов не е оспособена за користење и два спортски терени за реализација на наставата по физичко и здравствено образование.

Во склоп на училиштето работи и училишната библиотека која има задоволителен број на лектирни изданија. Во ова училиште се наоѓаат и просториите за раководниот кадар на училиштето и тоа: кацеларија на директорот, канцеларии за педагогот и секретарот на училиштето, наставничка канцеларија како и простории за техничкиот персонал.

ПУ “Страшо Пинџур“ – Спанчево

Училиштето во село Спанчево е изградено во 1937 год. Се наоѓа на ул. “1 Мај“ бб. Во ова училиште се одржува настава од 1-во до 5-то одделение, а понатамошното образование го продолжуваат во подрачно училиште во село Чешиново. Училиштето располага со 4 училници и 1 наставничка кацеларија, како и спортски терен за реализација на наставата по физичко и здравствено образование.

ПУ “Страшо Пинџур“ – Уларци

Училиштето во село Уларци е изградено во 1960 год. Се наоѓа на ул. “Здравко Нацев“ бб. Во ова училиште се одржува настава од 1-во до 5-то одделение, а понатамошното образование го продолжуваат во подрачно училиште во село Чешиново. Училиштето располага со 2 училници и 1 наставничка кацеларија, како и спортски терен за реализација на наставата по физичко и здравствено образование.

ПУ “Страшо Пинџур“ – Жиѓанци

Училиштето во село Жиганци е изградено во 1960 год. Се наоѓа на ул. “4 Јули“ бр. 45. Во ова училиште се одржува настава од 1-во до 5-то одделение, а понатамошното образование го продолжуваат во централното училиште во село Соколарци. Училиштето располага со 2 училници и 1 наставничка кацеларија, како и спортски терен за реализација на наставата по физичко и здравствено образование. Оваа учебна година училиштето е ставено во мирување поради мал број на учениците од 1-во до 5-то одделение.

Контакт

© Copyright 2023 by Elementary school. Proudly created with Wix.com

Created by: Vlatko Davitkov

Tel: 033-355-139

Адреса

ул. “Христијан Тодоровски Карпош“  бр. 4

  • Facebook страница на училиштето
bottom of page