top of page

Визија и мисија

Визија - Учењето, хармонијата и просперитетот на учениците од нашево училиште кон посветла иднина. Адаптирање и проширување на просторните капацитети на училиштето и набавка на современа технологија ќе овзможат да создадеме подобра клима заработа и среќно опкружување за сите. Прилагодување на наставата според потребите на учениците, почитување и поддржување на различностите ќе создадат услови за подобра инклузија на сите ученици.

Изјава на визијата: Нашите ученици да се стекнат со вештини и знаења кои ќе им помогнат да се изградат во здрави и одговорни личности, подготвени за предизвиците на животот, оспособени да го применат стекнатото знаење и вештини. Со позитивно изградените вредносни системи тие да бидат носители на општествено – корисна работа, ценети и пожелни во пошироката општествена заедница.

 

Цел на визијата: Преку воспитно образовниот процес да се влијае на создавање на здрави личности во поглед на физичкото, менталното и социјалното здравје кои ќе ги остварат обврските на одговорни граѓани. Стекнатите знаења и вештини да бидат трајни и истите да можат да ги применуваат во понатамошното образование и извршување на работните задачи. Остварувањето на визијата, училиштето ќе го овозможи преку стекнување на знаења, вештини и позитивни вредности на личноста. Континуирано ќе работи на остварување на целта на визијата преку учење, критичко мислење, напредување од сите области користејќи ги потенцијалните средства со кои располага училиштето и околината.Тие ќе бидат реализирани преку подрачјата за планирање на наставните програми.

Мотo:Училиште за секое дете.

Мисија - Инклузивното образование и унапредување на меѓуетничката соработка меѓу учениците, наставниците и родителите е приоритет во работењето на нашето училиште. Квалитетотнавоспитнообразовнатаработа е подобрен со употреба на информатичка технологија, воведување на иновации вонаставата и професионален пристап на вработените.

 

Цел на мисијата: Да бидеме училиште кoe нуди современа, модерна, квалитетна настава која е прилагодена на потребите на учениците и ќе овозможи нивно креативно, интелектуално и позитивно оформување и надградување.  Да влијаеме на сестраниот развиток на личноста со вистински вредности и начела кои ги стекнала кај нас, а ќе и бидат двигател и водич низ лавиринтите на животот.

 

Изјава на мисијатa: Мисијата ќе му овозможи на секој ученик да ги развива своите мисловни, емоционални, социјални и индивидуални способности преку усвојување знаења и вештини, да развие граѓанска свест за сопствениот, националниот и културниот идентитет, почитување на луѓето и грижа за здравјето и здравата околина.

Контакт

© Copyright 2023 by Elementary school. Proudly created with Wix.com

Created by: Vlatko Davitkov

Tel: 033-355-139

Адреса

ул. “Христијан Тодоровски Карпош“  бр. 4

  • Facebook страница на училиштето
bottom of page